Покетино подготвува „бомба“ – фудбалер на Манчестер Јунатед доаѓа на „Паркот на Принцовите“?

Маурицио Покетино полека го формира својот состав со кој ќе ја покорува Европа, а една од желбите на Аргентинецот е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Како што пренесуваат француските медиуми, Покетино го гледа Французинот како носител на играта во следните сезони и тој е приоритет за клубот.

Светскиот шампион со репрезентацијата на Франција има договор со клубот од Манчестер кој истекува во летото 2022 година, што значи дека на крајот на оваа сезона ќе влезе во последната година од својот договор, а доколку „црвените ѓаволи“ сакаат да ја вратат својата инвестиција во 27-годишникот ќе мораат да го продадат.

На крајот на претходната година агентот на фудбарот, Мино Рајола потврди дека ова се последните месеци на Погба на „Олд Трафорд“, но не спомена конкретни дестинации. Познато е дека Реал Мадрид и Јувентус беа сериозни за услугите на Французинот, но сега и ПСЖ озбилно вмешаа прсти во сагата.

Се вчитува...