Полјакот Кубацки победник во Гармиш Партенкирхен

Давид Кубацки е победник на денешното натпреварување во ски-скокови во германскиот Гармиш Партенкирхен, кој е втора етапа од турнејата „Четири скокалници“. Најдобрите ски-скокачи традиционално се собираат на првиот ден од годината во германскиот ски-центар. Кубацки до победата стигна со скокови од 139 и неверојатни 144 метри што е нов рекорд на скокалницата. Второто место му припадна на Норвежаенецот Халвор Егнер Гранеруд, додека како третопласиран заврши Полјакот Пјотр Зила.

По две натпреварувања во турнејата „Четири скокалници“, водечки е Норвежанецот Гранеруд, пред Карл Гајгер од Германија и Камил Штох од Полска.

Турнејата „Четири скокалници“ продолжува на 3 јануари со натпреварувањето во австрискиот Инсбрук.

Се вчитува...