Полска доминација во Инсбрук – Штох на чекор до нова титула на турнејата „Четири скокалници“

Камил Штох триумфираше на третата етапа од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ која денеска се одржа во австриски Инсбрук. Полјакот до триумфот стигна со скокови од 127.5 и 130 метри. Второто место му припадна на Анже Ланишек од Словенија, додека трети и четврти беа сонародниците на Штох Кубацки и Зила.

Одлична вест за Штох е тоа што неговите најголеми конкуренти пред денешните скокови, Германецот Карл Гајгер и Норвежанецот Гранеруд имаа очајни први скокови и одвај успеаја да обезбедат втора серија, што значи дека ги загубија шансите за титула на турнејата.

Во моментов најголем конкурент на Штох е неговиот сонародник Давид Кубацки кој минатата година изненадувачки триумфираше на новогодишната турнеја.

Се вчитува...