ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Баерн за Барса е тоа што е Наполи за Ренџерс, Атлетико Мадрид со една нога во Лига Европа (ВИДЕО)

Барселона има негатива од 0-2 на полувреме против Баерн Минхен во натпревар од 5. коло во групата Ц од Лигата на шампионите, натпревар кој нема никакво резултатско значење откако претходно денеска Интер ја совлада Викторија Плзен и со тоа ја елиминираше Барселона од елитното натпреварување.

Садио Мане во 10. минута и Шупо Мотинг во 31. минута беа стрелци на погодоците за Баварците. Елјиф Елмас конечно доби шанса во стартниот тим на Наполи кој на полувреме веќе има сигурни 2-0 против шкотски Ренџерс. Стрелец на двата гола за „наполитанците“ беше Џовани Симеоне.

И Атлетико Мадрид е пред елиминација во елитното натпреварување откако има негатива од 1-2 на домашен терен против Баер Леверкузен. Во лудата група Д очигледно до последното коло нема да се знае кои два тима ќе одат во нокаут фазат. Спортинг Лисабон има изнандувачка водство на гости кај Тотенхем од 0-1, додека Ајнтрахт Франкфурт води дома против Олимпик Марсеј со 2-1.

ЛИГА ШАМПИОНИ РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: 

Ајакс – Ливерпул 0-1

Атлетико М. – Баер Л. 1-2

Барселона – Баерн М. 0-2

Ајнтрахт Ф. – Олимпик М.  2-1

Наполи – Ренџерс  2-0

Тотенхем – Спортинг Л.  0-1

Barcelona 0 – [2] Bayern Munich – Eric Maxim Choupo-Moting 31′ from soccer

Се вчитува...