ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: Реми на Динамо со Салцбург, Томори незаслужено „поцрвене“ и му даде два гола на Челси против Милан (ВИДЕО)

Динамо Загреб на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски има 1-1 на полувреме против Салцбург во натпревар од 4. коло во групата Е од Лигата на шампионите.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Сејвалд во 12. минута, додека на 1-1 израмни Љубичиќ во 41. минута. За потсетување доколку „модрите“ го загубат овој натпревар само чудо ќе може да ги однесе во нокаут фазата од елитата.

D. Zagreb 0 – [1] Salzburg – N.Seiwald 12′ from soccer

Челси има  водство од 0-2 на полувреме против Милан на „Сан сиро“. Гостите поведоа по сомнителниот пенал над Маунт кој го направи Томори за кој доби и црвен картон од главниот судија на мечот. Пеналот успешно го реализираше Жоржињо во 21. минута. На 0-2 зголеми Обамејанг во 34. минута.

Milan 0 – [1] Chelsea – Jorginho penalty 21′ (F. Tomori straight red card ) from soccer

ПСЖ со голот на Килијан Мбапе од пенал води со 1-0 против Бенфика, додека Шахтјор и Реал Мадрид играат без голови 0-0.

 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛО: 

Динамо З. – Салцбург 1-1

Милан – Челси 0-2

Борусија Д. – Севилја 1-1

Селтик – Лајпциг 0-0

ПСЖ – Бенфика 1-0

Шахтјор – Реал М. 0-0

 

Се вчитува...