ПОЛУВРЕМЕ: Наполи го „гази“ Ајакс и дома, Бриж добро се држи во Мадрид (ВИДЕО)

Наполи е пред нова победа во ЛШ откако на полувремето го води Ајакс со 2-0. Лозано во 4. минута и Распадори во 16. минута погодија за тимот од Неапол, кој имаше уште некоја шанса да дојде и до поубедливо водство. Како се наближуваше финишот од полувремето, Ајакс воспостави рамнотежа на теренот и преку Кудус имаше шанса, но не успеа.

Ако победи Наполи, дефинитивно ќе се пласира во 1/8 финалето. Елмас е на клупата за резерви и чека шанса во второто полувреме.

Атлетико Мадрид и Бриж играат без голови на полувремето во Мадрид во вториот меч од раниот термин. Атлетико има повеќе од играта и од шансите, но засега белгискиот тим добро се „држи“ на гостувањето во Шпанија.

Се вчитува...