Оваа година за прв пат во Македонија компанијата Марс Оверсис Холдингс Претставништво Скопје, ја спроведува акцијата “Orbit подарува насмевка” со цел едукација на децата од училишна возраст за потребата од правилно и секојдневно одржување на оралната хигиена, како и превенција од појава на кариес на најмала возраст, со што ќе се изградат нивните здрави навики и ќе се подобри општата состојба на оралното здравје.
Проектот е од глобален карактер и секоја година бројот на земји учеснички се зголемува, а постигнатите резултати се извонредни, посебно во делот на подигнување на свесноста за оралната хигиена кај децата, а преку нив и кај возрасните.
Orbit авантурата ќе се реализира во 2 фази, првата започнува на 1ви мај и трае сѐ до 30ти јуни и во неа сите граѓани, со купување на своите омилени Orbit гуми за џвакање ќе допринесат во поголема покриеност на проектот.
Со почетокот на новата учебна година, започнува и втората фаза во која Orbit караванот ќе ја започне обиколката на училиштата низ земјата. Низ игра и забава, многу сликовито стручниот стоматолошки тим ќе ги едуцира децата за потребата од одржување на оралната хигиена и нејзиното секојдневно правилно имплементирање.
Orbit караванот ќе биде интересен и полн изненадувања, а од него децата на забавен начин ќе научат зошто и како треба да се грижат за своите заби.
Проектот е поддржан од Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години во Македонија.
Најубаво е кога децата се смеат, а уште поубаво е кога насмевката има здрави заби!
Заедно за здрава детска насмевка.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА