Поради една причина Хавиер Занети по 25 години го промени имиџот (ВИДЕО)

Поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Занети пред почетокот на Светското првенство изјави дека во случај Лионел Меси и друштвото да го освојат трофејот, тој ќе го промени својот изглед првпат по 25 години.

Откако Аргентина се врати од Катар со титулата светски првак, поранешниот дефанзивец и актуелен потпретседател на Интер ја смени вообичаената фризура. Занети ги насмеа сите со својот нов имиџ кој беше објавен на социјалните мрежи и на профилите на Фудбалската федерација на Аргентина.

Занети дебитираше за аргентинската репрезентација во 1994 година и играше до 2011 година. Во тој период настапи на 145 натпревари и постигна пет гола. Интер е клубот кој го прослави Занети. Тој го носеше дресот на „нероаѕурите“ од 1995 до 2014 година, а претходно беше член на Талерес и Банфилд.

Со Интер освои пет титули во италијанскиот шампионат и четири трофеи во Купот на Италија како и Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.

Се вчитува...