Поради проблеми со срцето еден од најдобрите ватерполисти ја завршува кариерата

Најдобриот хрватски ватерполист Сандро Сукно ја заврши играчката кариера на свои 28 години, поради проблеми со срцето.

„Почитувани пријатели, колеги соиграчи, тренери и ватерполо познавачи чувствувам дека ми е должност да ја информирам јавноста поради донесувањето на одлуката за завршување на кариерата. По операцијата на срцето во САД на почетокот на минатата година, која помина успешно и по разговор со познати доктори од Хрватска и странство и по темелни прегледи заклучивме дека моето здравје не е за да продолжам да се занимавам со ватерполо“, напиша Сукно. 

Сукно со репрезентацијата на Хрватска освои златни медали на олимписките игри, светските и европските првенства, а во сезоната 2016/2017 беше избран за најдобар ватерполист во светот.

Се вчитува...