Поради снегот – одложување на комплетното 22. коло од ПМФЛ закажано за среда!?

Поради обилните снежни врнежи во земјава отворена е можноста за одложување на комплетното 22. коло од Првата македонска фудбалска лига кое закажано за в среда, 28. февруари од 14 часот.

На програмата во среда се пет натпревари, од кои четири во Скопје, Тетово и Битола, токму и едни од најзафатените македонски градови од снежните врнежи. Токму поради тоа, во зависност од ситуацијата во следните два дена, се разгледува и можноста за одложување на натпреварите.

Во Скопје, Вардар треба да го пречека Силекс, додека Шкупи на „Борис Трајковски“ треба да се соочи со Работнички. Во Битола, пак, Пелистер го пречекува Скопје, а во Тетово Шкендија треба да игра со Победа. Во петтиот натпревр од колото, Академија Пандев во Турново треба да игра против Ренова.

Се вчитува...