Поранешен играч на Арсенал во индуцирана кома по удар со глава во бетонски ѕид на натпревар

Поранешниот младинец на Арсенал, сеега 21-годишниот Били Вигар, беше ставен во индуцирана кома по инцидентот за време на натпреварот на неговиот тим Чичестер Сити против Вингејт.

Како што објавија медиумите во Англија, Вигар удрил во бетонски ѕид за време на натпреварот и претрпел сериозни повреди на мозокот.

Тоа беше ужасен удар, по што натпреварот беше прекинат по 13 минути, додека амбулантното возило и хеликоптерот пристигнаа на теренот за да го земат.

Неговиот клуб, Чичестер Сити, ја објави состојбата на играчот во понеделник вечерта.

„Били претрпе значително оштетување на мозокот и моментално е во индуцирана кома на интензивна нега, каде што добива најдобар можен третман. Прерано е да се каже каков ќе биде исходот и дури и ако сè оди добро, тој има долг пат до закрепнување пред себе. Со љубов од целото семејство на Чичестер“ – се вели во соопштението на клубот.

Вигар беше член на фудбалската академија на Арсенал и успешно играше во националните тимови на Англија до 18 години и до 21 година.

Сепак, тој никогаш не успеа да се пробие во првиот тим и прво играше во Хејстингс и Истборн Боро, пред да се пресели во Чичестер Сити ова лето.

Се вчитува...