Поранешен кошаркар на МЗТ и отвори војна на Карлеуша – „Девојко тебе никој не ти забранува…“ (ФОТО)

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Урош Луковиќ и отвори војна на естрадната ѕвезда Јелена Карлеуша. Концертите и настапите во Србија се забранети поради новите рестрикции предизвикани од коронавирусот, па позната пејачка побара „фер-плеј“ за неа и колегите бидејќи спортските натпревари се уште се одржуваат во нашиот северен сосед.

„Ако можат фудбалерите, кошаркарите и тенисерите да ја работат својата работа и да го забавуваат народот, зошто пејачите не може да пеат, музичарите да свират,“ напиша Карлеуша. 

По што следуваше епски одговор на поранешниот кошаркар на МЗТ.

„Тебе никој не ти брани да пееш во празен клуб, сала или стадион“, напиша Луковиќ. 

Се вчитува...