Поранешен НФЛ играч пронајден мртов во својот дом

Страшна вест доаѓа од САД. Поранешниот корнер бек во НФЛ лигата, Вонте Дејвис, почина на 35-годишна возраст.

Полицијата соопшти дека биле повикани од домарот кој го нашол Дејвис мртов во неговиот дом. Причината за смртта се уште не е позната, но се претпоставува дека не се работи за насилна смрт. Дејвис помина 10 сезони во НФЛ од 2009 година, кога беше драфтуван од Мајами како 25. пик, до 2018 година, кога потпиша со Бафало, но одигра само еден натпревар.

„Ужалени сме од веста за ненадејната смрт на поранешниот бек на „Делфините“, Вонте Дејвис и изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и сите најблиски во ова тешко време“, стои во соопштението на Мајами долфинс.

Покрај Мајами и Бафало, Дејвис играше и за Индијанаполис.

Се вчитува...