Поранешната вереничка на Ибрахимовиќ открива: Тој беше срамежлив, душа човек…

Златан Ибахимовиќ избегнува да говори за приватниот живот и ретко кога и се појавува во јавноста со неговата сегашна партнерка Хелен Сегар со која и покрај тоа што не е венчан има две деца и води среќен живот.

Швеѓанецот со балканско потекло во минатото имаше откриено дека еднаш ја побарал Хелен за жена, но бил одбиен по што никогаш повторно не го поставил ова прашање. Но, шведските медиуми открија досега непознат детал дека тој во минатото бил верен.

Тоа се случило додека бил во врска со Миа Олахе во младите денови додека се уште настпувал во Малме, а заедничкиот живот го започнале кога преминал во Ајакс.

„Беше многу срамежлив. По целиот ден седеше во кафулето и ми правеше друштво. Не знав дека е фудбалер само ми се допаѓаше како личност“, откри Миа.

Се вчитува...