Поранешниот клуб на Димитријевиќ славеше во завршница која ретко се гледа (ВИДЕО)

Натпреварот од 10. коло во шпанското кошаркарско првенство помеѓу поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, Хувентуд и Билбао донесе завршница која ретко се гледа на терените.

На три секунди пред крајот при резултат 78-78 гостите имаа шанса да стигнат до предноста која најверојатно ќе им донесеше и победа, но обидот на Кристијан Кулимае заврши во обрачот, а одбиената топка во рацете на Aндреас Фелиз кој од својата половина погоди „без коски“ за големо славје пред домашните навивачи.

Се вчитува...