Поранешниот „крал“ фатен на дело со најдобрата пријателка на сопругата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Гаго, се најде во центарот на секс-скандал во Аргентина откако беше обелоденето дека екс-членот на „гаучосите“ бил фатен на дело од својата сопруга Жизел Дулко како ја изневерува. За „трагедијата“ за Гаго да биде уште поголема, тој бил со најдобрата пријателка на Жизел, Вероника Лафите, кога сопругата влегла во спалната соба и останала шокирана.

Дулко, која е поранешне тенисерка, веќе ја напуштила семејната куќа, земајќи ги со себе и трите деца што иг има од бракот со фудбалерот. Како што тврдат аргентинските медиуми, таа веќе ги испишала и децата од училиштето каде биле заедно со децата на Вероника Лафите.

Веќе е покрената е бракоразводна парница, а јасно е дека неверството скапо ќе го чини Гаго, кој во фудбалската кариера заработи над 10 милиони евра.

Се вчитува...