Поранешниот светски првак: За мене нема спас, лекарите ми рекоа дека ми се ближи крајот

Поранешниот светски и европски првак во скок со стап, Том Лобингер објави дека неговата борба со ракот е изгубена и дека лекарите му рекле дека наскоро ќе умре.

Лобингер е еден од најпознатите германски атлетичари на 21. век, а со ракот на крвта се бори од 2017 година. Има 193 сантиметри и 66 килограми.

„За мене нема спас, мојот рак е премногу агресивен. Лекарите ми рекоа дека ми се ближи смртта. Треба да се договориме, да се занимаваме со мојот погреб и да се оргнаизира се. Да се простам од моите најмили. Разговорот со децата беше тежок, знаат колку ми е лошо“, рече 50-годишниот Лобингер. 

Спортистот еднаш го победи ракот, но тој му се врати во 2020 година. Оваа година ја мина во болница.

„Тоа не е вистински живот. Животот на кој треба да му се восхитуваме се случува надвор. Секогаш постојат начини да се собере сила и да се не се изгуби надеж. Вреди да се борам за секој ден кој го живеам и го минувам со моето семејство“. 

Се вчитува...