Грем Потер и дефинитивно ќе добие отказ од менаџерската функција во Вест Хем откако „чеканите“ продолжија со слаби резултати од стартот на сезонава
Триумфот над Нотингем му даде една дополнителна седмица на поранешниот стратег на Челси, но вчерашниот пораз на домашен терен од Кристал Палас значеше и трошење на последниот кредит што Потер го имаше кај управата на лондонскиот премиерлигаш.
ББЦ јавува дека процесот на потрага по нов тренер е веќе стартуван, а штом биде најден идеален кандидат (што се очекува да се случи во следните 48 часа) ќе следи и официјализација на разделбата од Грем Потер. Главни кадидати за негов наследник се Нуњо Еспирито Санто, Киран Мекена, Един Терзиќ и Славен Билиќ.
Потер дојде во Вест Хем во јануари на местото на Хулен Лопетеги и ги водеше „чеканите“ на 25 средби во Премиер-лигата, притоа забележувајќи само шест победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

