Српската фудбалска репрезентација ќе биде дел од престојното Европско првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија за прв пат во самостојната историјата.
Вчерашната ждрепка го смести нашиот северен сосед во група заедно со Англија, Данска и Словенија со што не се оствари желбата на потпретседателот на Фудбалската федерација на Србија, Бранислав Недимовиќ кој ги посакуваше за противници Албанија и Хрватска.
„Искрено сакав да бидеме во групата „Б“ каде што се Шпанија, Албанија и Хрватска. На сите им говорев, па и на представниците на Албанија и Хрватска, ‘само виде да ни дојдете’… Но, ете не ми се исполни желбата.
Мислам дека имаме пристојни шанси добро да се подготвиме, да поправиме некои грешки од претходните натпревари. Федерацијата ќе направи се за да пронајде база во следните 48 часа и да им овозможи на играчите и стручниот штаб максимални услови за добро да се подготвиме за почетокот и средбата со Англичаните“, изјави Недимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА