Повлечена тужбата за силување против Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо може да здивне откако денеска беше обелоденето дека тужбата за силување што против него беше поднесена до судот во Лас Вегас е повлечена. Кетрин Мајорга го тужеше Роналдо дека во 2009 година ја силувал во хотеел во Лас Вегас, откривајќи дека тој непосредно по случката и исплатил и одредена сума пари за да молчи.

Јувентус поради овој скандал одби да настапувава на Интернационалниот Куп на Шампиони што вообичаено се одржува во САД, за да не ризикуваат Роналдо да се најде во фокусот од нефудбалски причини, но и евентуално американските власти да не побараат негово приведување. Сега веќе нема потреба од такви стравови, откако беше обелоденето дека до судот во Лас Вегас е поднесен документ за повлекување на тужбата.

Ниту адвокатите на Мајорга, ниту оние на Роналдо, не го коментираат случајот, а не се наведува ниту дали е постигната спогодба меѓу двете страни за плаќање на отштета. Како и да е, Роналдо конечно може да здивне поради завршувањето на кошмарот.

Се вчитува...