Познато каде ќе се игра шпанскиот Суперкуп

Шпанскиот Суперкуп оваа сезона, во кој ќе учествуваат Барселона, Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид, ќе се одржи од 2 до 7 февруари во Турција, а не во Саудиска Арабија  каде што во истиот период ќе се игра Азискиот куп  соопшти Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).

Од 2020 година, Шпанскиот Суперкуп се одржува во Саудиска Арабија, со која РФЕФ има договор до 2027 година. Сепак, поради Азискиот куп, кој е закажан од 7 јануари до 5 февруари во таа земја, РФЕФ одлучи да ја промени локацијата, но истовремено најави дека поради тоа Суперкупот повторно ќе се игра во Саудиска Арабија во 2028 година.

Сите натпревари од Суперкупот треба да се одиграат во Истанбул.

Се вчитува...