Правилата на Рамос: Кој сака да ми дојде на свадба, ќе мора…

Серхио Рамос ќе ја круниса долгогодишната врска со осум години повозрасната Пилар Рубио со свадба што ќе се одржи на 15 јуни во близина на Севилја. Асот на Реал Мадрид реши да се врати во родниот град за големата свеченост, венчавката е веќе закажана за Катедралата во Севилја, по што бројни гости од светскиот фудбал ќе бидал дел од забавата што ќе се одржи на фарма во непосредна близина на овој град во Андалузија.

А што се однесува до прославата, тука Рамос има само едно правило – забрането снимање и фотографирање.

„Кој ќе сака да се слика, ќе треба тоа да го стори пред влегувањето на фармата, потоа вратите се заклучуваат и почнува забавата. Гостите ќе треба своите мобилни телефони и камерите да ги остават надвор, тоа е моето барање бидејќи не сакам фотографии од прославата да се појават потоа во јавноста. Ќе има многу важни гости, сакаме да се забавуваме и да уживаме“ – истакна Рамос.

Се вчитува...