Предвидување за плејоф: МЗТ Скопје и Пелистер во финале, освојува… (ФОТО)

На ден пред почетокот на разигрувањето за титула во македонското кошаркарско првенство ги запрашавме играчите од останатите осум тима кои се нивните предвидувања за патниците во големото финале и кој ќе биде освојувачот на титулата, а добивме идентичен одговор.

Ренато Димитриевски, Бојан Стојановски, Филип Бакоч, Виктор Златевски, Горан Главчев, Ненад Зивчевиќ, Андреја Атанасов и Виктор Исајловски предвидеа дека во финалето силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје и Пелистер, а аеродромци ќе ја задржат титулта во своите редови.

Полуфинаето започнува во Битола со натпреварот помеѓу Пелистер и Еуро Никел од 18 часот и 30 минути, а продолжува во СЦ „Јане Сандански“ каде МЗТ Скопје го пречекува ТФТ.

Се вчитува...