Натпреварот од 5. коло во Конференциската лига на УЕФА меѓу Хелсинки и Абердин во Финска е прекинат во второто полувреме поради силна снежна виулица во Хелсинки.
Дуелот е прекинат во 76. минута откако беше утврдено дека нема апсолутно никакви услови за игра, па „машинеријата“ на домашниот тим се впушти во расчистување на теренот.
Натпреварот е прекинат при резултат, 2-2. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски од клупата за резервни фудбалери го почна мечот, затоа што тренерот на Абердин се одлучи да го чува Миовски за настапите во Шкотска откако неговиот тим ги загуби сите шанси за пласман во следната рунда натпревари во Конференциската лига.
Миовски во игра влезе во 74. минута од средбата. По расчистувањето на снегот, дуелот со десетминутна пауза продолжи….
HJK v Aberdeen pitch being cleared of snow. pic.twitter.com/VlDXDRwyts
— Lifeobserver (@Lifeobserver10) November 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА