Претседателот на Барселона прозборе за неверството на Пике и побара поддршка од навивачите

Преварата на Жерар Пике продолжува да биде главна тема во Шпанија. Фудбалерот на Барселона по 11 години поминати со поп-ѕвездата Шакира ќе се раздели поради неверство, а во целата приказна е вклучена и македонската старлета Драгана Спасовскa, пренесоа нашите медиуми.

На оваа тема се одлучи да проговори и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кој изјави дека заминувањето на Шакира тешко му паднало на Пике, а покрај од клубот тој заслужува поддршка и од навивачите.

„Пике многу пати. Ние ја имаме таа слика како играчите се славни, полни со пари и имаат се што сакаат, но вистината е дека и тие се обични луѓе како сите нас. Пике е неверојатна личност, еден од нашите капитени кој го даде „животот“ за клубот. Поминува тежок период и воопшто не му е лесно. Пике заслужува поддршка од навивачите на Барселона како што ја добива од нашиот клуб. Не ги читајте глупостите кои ги објавуваат таблоидите“, изјави Лапорта.

Се вчитува...