Пријателски натпревари во октомври и ноември со Саудиска Арабија, Финска и со Азербејџан

Македонската репрезентација веќе подготвува пријателски натпревари за октомвриските и ноемвриските термини.

Селекторот Благоја Милевски посакува пред крајот на сезоната пријателски дуели на кои ќе има подготовка на репрезентацијата за стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2024 следната година.

Па, на 22. октомври договорен е пријателски дуел со Саудиска Арабија на гостински терен, а на 17. ноември репрезентацијата ќе игра со Финска. За 20. ноември начелно е договорен тест со Азербејџан за кој се уште се чека официјална потврда од Азербејџанската фудбалска федерација.

„Со Саудиска Арабија ќе играат фудбалери кои ќе се борат за место во репрезентацијата, голем дел од играчи од Првата македонска фудбалска лига, а ќе добијат покана сите шо не се викнати сега а покажуваат репрезентативен квалитет, и од домашната и од интернационалната сцена, секако ако се во можност да бидат ослободени од своите клубови, затоа што не е официјален ФИФА термин“ – соопшти селекторот Милевски на денешната прес-конференција.

Се вчитува...