Баерн Минхен не планира драстични промени во ростерот за идната сезона. Приоритет на „Баварците“ ќе биде да го решат прашањето во нападот, по заминувањето на Роберт Левандовски. Јасно се виде дека на тимот му е потребен врвен голгетер, па тоа ќе биде приоритет за раководството на најтрофејниот германски клуб.
Според германските медиуми, клубот ги разгледува опциите за ангажман на голгетер, а во опција се Хари Кејм Виктор Осимен, Рандал Коло Муани и Душан Влаховиќ. Изборот ќе зависи од финансиските барања на клубовите, како и на играчот.
Исто така двајца засега најавиле заминување од таборот на Баерн. Едниот од нив е Марсел Сабицер, кој моментално игра како позајмен во Манчестер Јунајтед. Заминување најавил и Серж Гнабри. Гнабри веројатно ќе замине во Премиерлигата, а повеќе шанса на страничната позиција ќе му биде дадена на Садио Мане, кој сега игра како класичен шпиц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА