Приштина под силно обезбедување за гостувањето на Израел

Заостанатиот натпревар во рамките од квалификациите помеѓу Косово и Израел, се игра во недела во Приштина, а мерките  за безбедност се подигнати на највисоко можно ниво, што потврдуваат фотографиите при доаѓањето на гостинската делегација.

Од петокот попладне Приштина како да е во „воена состојба“ поради високи мерки на обезбедување. Прво на аеродромот во Приштина имаше големи мерки за безбедност, а на улиците можеше да се забележат полициските сили.

Двата автобуси со израелскиот тим ги следеа неколку автомобили на косовската полиција до хотелот, каде што исто така има зголемени безбедносни мерки.

Се вчитува...