Променет комплетниот распоред за пролетта: 22. коло одложено за 4. март, Силекс – Пелистер на 4. април

Поради влошените временски услови во земјава, Комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски се одлучи на промени на распоредот на натпревари во Првата македонска фудбалска лига во пролетниот дел од шампионатот.

Како и што можеше да се очекува, 22. коло кое беше закажано за во среда (28. февруари) е одложено за в недела (4. март). Одложениот меч меѓу Силекс и Пелистер од претходното, 21. коло, пак е закажан за 4. април.

На барање и на селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски, 24. коло место во недела на 18. март ќе се одигра во сабота на 17. март.

НОВИОТ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ПРОЛЕТНАТА ПОЛУСЕЗОНА ВО ПМФЛ…

Се вчитува...