Прв натпревар и веднаш проблем за Покетино: Без залагање ни ѕвездите немаат место во првиот тим

Маурицио Покетино нема по добро да го помни дебито за ПСЖ, кое на дуелот против Сент Етјен заврши без победник (1-1). Аргентинецот не го криеше незадоволството по натпреварот, а критики упати и кон првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе.

„Мбапе мора да се докаже како и сите останати. Тој беше разочаран по натпреварот бидејќи не победивме, неговото залагање беше добро, но мора да биде и подобро. Разочаран сум бидејќи ние сме ПСЖ и мораме секогаш да победуваме. Мораме да напредуваме во многу аспекти. Ова не е резултатот кој го посакувавме, но Сент Етјен заслужи бод и покрај тоа што имавме шанси и посед на топката“ – изјави Покетино по натпреварот.

За аргентинскиот стратег ова е прв натпревар по паузата од 14 месеци, а интересно е тоа што кога последен пат го водеше Тотенхем, истото беше пред полн стадион.

„Многу сум среќен за враќањето на терените по 14 месеци, но беше и чудно да водам тим пред празни трибини. Последниот пат кога го сторив тоа беше пред 62 илјади навивачи“ – додаде тренерот на парискиот тим.

Се вчитува...