ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Супер меч во Битола – Емре Чан донесе израмнување за Шкупи (ФОТО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО – 21. КОЛО…

Скопје: СКОПЈЕ – РЕНОВА (1-1)

Бопесу 77′ – Незири 90′

Битола: ПОБЕДА – ШКУПИ (3-3)

Најдовски 43′(п), Гешоски 52′, 77′ – Типуриќ 5′, Адем 7′, Емре Чан 87′

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

Хасани 79′

Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР – (одложен)

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2-1

ТАБЕЛА: Шкендија 53 бодаВардар 42, Силекс(-2) 32, Работнички 27, Шкупи 27, Академија Пандев 26, Победа 21Ренова 21, Пелистер(-1) 20, Скопје(-1) 12 бода.

============================================================================

КРАЈ И НА МЕЧОТ ВО БИТОЛА. РЕМИ МЕЃУ ПОБЕДА И ШКУПИ!

ПОБЕДА – ШКУПИ (3-3)

3-3 – 87′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Емре Чан доби топка од длабочина, се чини беше во офсајд позиција, но оставен осамен прецизно стрела со лоб

КРАЈ НА МЕЧОТ ВО ТЕТОВО. Шкендија по тешки снежни услови славеше со 1-0 против Академија Пандев

ПОБЕДА – ШКУПИ (3-2)

3-2 – 77′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Прекрасна акција на прилепчани, која по неколку додавања, ја заокружува искусниот Благоја Гешоски прецизно стрелајќи од 7-8 метри ниско по земја

КРАЈ МЕЧОТ ВО АВТОКОМАНДА, РЕМИ МЕЃУ СКОПЈЕ И РЕНОВА

СКОПЈЕ – РЕНОВА (1-1)

90+3′ – ПЕНАЛ ЗА СКОПЈЕ. Жоел Бопесу не успева да го реализира, промашувајќи го целиот гол на гостите!

СКОПЈЕ – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 90′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Евро гол на Меџит Незири со шут од 20 метри за израмнување

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 79′ – ГООООЛ за Шкендија. Ферхан Хасани од десетина метри со левата нога конечно ја смести топката во мрежата на Вујанац

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (1-0)

72’ – Ибраими од 20 метри шутира високо над голот на Академија Пандев

СКОПЈЕ – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 77′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. По корнерот од десната страна, на вториот дирек Жоел Бопесу со глава носи водство од 1-0

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

!!! – 65’ – Пенал за Шкендија, повторно соборен Бесарт Ибраими. Овој пат Вујанац го одбрани ударот од белата точка на Ибраими. Во првиот дел пенал не реализираше и Ферхан Хасани!

ПОБЕДА – ШКУПИ (2-2)

2-2 – 52′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Благоја Гешоски го израмнува резултатот на дуелот во Битола

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

!!! – 53’ – Црвен картон за Констатин Чешмеџиев за груб старт врз Жуниор. Сега силите на теренот во Тетово се израмнети

* КОНЕЧНО ПОЧЕТОК НА ВТОРИОТ ДЕЛ И ВО БИТОЛА…

  • СО 15 МИНУТИ ЗАДОЦНУВАЊЕ ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА МЕЧОТ ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ ВО ТЕТОВО!

Се уште нема почеток на вториот дел во Тетово и во Битола каде се чистат терените од снегот!

Почеток на вториот дел во Автокоманда на мечот Скопје – Ренова. Се очекува почетокот во Тетово и во Битола!

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ТРИТЕ ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ ОД 21. КОЛО ВО ПМФЛ

ПОБЕДА – ШКУПИ (1-2)

1-2 – 43′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Филип Најдовски од пенал го совладува Зендели за намалување на предноста на Шкупи

  • Пред крајот на полувремето апсолутно игра без шанси на трите натпревари во Тетово, Скопје и во Битола поради снежните врнежи во сите три града и невозможните услови за игра!

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

27’ – Одлична шанса за Хасани. Сам пред голот на гостите шутира од 12 метри, но Вујанац одбрани

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

21’ – Црвен картон за Шкендија. Младиот Фазлагиќ исклучен поради груб старт на 20 метри пред својот гол.

СКОПЈЕ – РЕНОВА (0-0)

19′ – Мирно на почетокот на дуелот во Автокоманда. Без посериозни шанси и на двете страни

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-2)

!!! – 12′ – Адем не реализира пенал за Шкупи. Соборен во шеснаесетникот на Победа, Баже Илијоски. Но, Тофилоски го брани ударот од белата точка на Ермедин Адем

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

!!! – 14′ – Хасани промашува пенал за Шкендија. Ибраими беше соборен во гостинскиот шеснаесетник, но Хасани го погоди само дирекот од голот на Академија Пандев

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-1)

0-2 – 7′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Експресно гостите доаѓаат и до предност од 0-2 во Битола. Прекрасен гол на Адем со шут од 18 метри

ПОБЕДА – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 5′ – ГОООЛ ЗА ШКУПИ. По корнерот од десната страна, Типуриќ на првиот дирек го поставува својот прв гол во дресот на Шкупи

Одложен  е мечот во Кратово меѓу Силекс и Пелистер поради лоши временски услови… Дополнително ќе биде закажан терминот за одигрување на мечот!

ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ (0-0)

4′ – Убава можност за Академија Пандев, но од одлична позиција од слободен удар од 17 метри Атанасов шутира само во живиот ѕид на домашните

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ТЕТОВО И ВО АВТОКОМАНДА

Натпреварите од денешното 21. коло ќе се играат под снежни услови. Снег и во Тетово и во Кратово, но се очекува почеток на мечевите во закажаниот термин!

  • Познати составите за пресметката во Тетово каде Шкендија ја пречекува Академија Пандев…

  • Интересен дуел и во Кратово. Силекс со три бода против Пелистер го продолжува својот пат кон европската сцена…

==========================================================================================

Стартуваат натпреварите од 21. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Дерби се одигра вчера во кое Работнички славеше против Вардар со 2-1, за да денеска сето тоа се обиде да го искористи Шкендија која со триумф против Академија Пандев ќе оди на +11 бода во однос на „вардарци“.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...