Прва пролетна радост – Вардар уште ќе се бори за прволигашки живот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар дојде до посакуваната прва пролетна победа која најтрофејниот македонски клуб го остава во живот за прволигашки опстанок.

Виктор Крстевски со погодокот во 31. минута ја донесе толку посакуваната победа, иако „црвено-црните“ до крајот на сезоната во последните четири кола го очекува тешка битка за остварување на зацртаната цел.

Гостување против Борец во Велес, домашен дуел со Работнички, гостување во Струга и пресметка со Македонија ЃП во последното коло на домашен терен се натпреварите преку кои „вардарци“ ќе ги бараат финалните бодови за опстанок.

 

Се вчитува...