Првата лига се враќа во етерот со натпревари во Кавадарци, Гевгелија, Куманово и Скопје

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат денеска со четири натпревари од кои еден во Суперлигата и три од плеј-аутот. При крајот на сезоната истите немаат резултатско значење, но и покрај тоа ќе биде интересно да видиме дали домаќините ќе успеат да го одбранат својот дом.

Богатиот ден започнува од 12 часот со натпреварот помеѓу Еуро Никел и Феникс 2010 во „Јасмин“, а ќе биде интересно да видиме дали вицешампионот ќе успее да му се реваншира на новлијата за поразот во првиот меч од Суперлигата и со серија на победи ќе влезе во разигрувањето за титула или пак скопјани ќе ја забележат и втората победа против најискусниот тим во првенството за крај на успешната сезона.

Возбудувањата продолжуаат во Гевгелија каде од 15 часот Кожув ја пречекува Академија ФМП, а деветото коло од плеј-аутот ќе биде комплетирано со мечевите помеѓу Куманово и Работнички, односно Ангели и МЗТ Скопје 2 од 18 часот.

Утре не очекува и натпреварот на колото на „Кале“ каде ТФТ и Гостивар ќе се борат за последното место во плеј-офот, како и оној на Пелистер и МЗТ Скопје во Битола.

Се вчитува...