ПСЖ може да ги расипе сметките на Борусија Дортмунд

Младиот германски напаѓач Карим Адејеми, е на „мета“ на големите германски клубови Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Особено заинтересирани се „милионерите“ кои сериозно загризаа за Адејеми, а се шпекулира дека дури влегле во преговори за негов ангажман од Салцбург.

Но, вклучувањето во трката на ПСЖ може да ги расипе сметките и на Борусија Дортмунд, и на Баерн Минхен. ПСЖ во него гледа замена за Мбапе, кој можно е да замине во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната.

Според германските медиуми, и самиот Адејеми изразил желба да се приклучи на Борусија Дортмунд и таму да ја продолжи кариерата, но добра финансиска понуда од ПСЖ би можела да го премисли и тој на крајот да заврши во Париз.

Се вчитува...