Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб славеше на госутвањето кај ФМП Академија со 68-76 во последниот меч за двата тима сезонава кој немаше никакво значење во плеј-аут фазата во домашниот шампионат.
Првата четвртина помина во егал игра во која за нијанса подобри беа домаќините кои имаа минимална предност од 20-19. Работнички заигра подобро во втроиот период кој го доби со седум поени разлика и на полувреме замина со позитива од 34-40.
Во второто полувреме играчите од „Градски парк“ успеаја да ја задржат предноста и на крајот да стигнат и до конечен триумф од 68-76. Балмазовиќ со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека со два помалку заврши Какруки. Кај поразените Филип Бакоч уфрли 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА