Радовиќ останува селектор на Црна Гора до 2025 година

Црногорскиот стратег Бошко Радовиќ ќе остане на кормилото на кошаркарската репрезентација на Црна Гора до 2025 година, одлучи одборот на Кошаркарската федерација на Црна Гора која пред само неколку дена доби нов претседател во Јелена Дубљевиќ.

Радовиќ целата своја тренерска кариера ја помина во репрезентацијата на Црна Гора. Од 2015 до 2019 година беше помошник, а оттогаш ја превзема селекторската улога која ја врши со успех од кои последниот го имаше на Светското првенство кое оваа година се одржа во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Следниот предизвик за Црна Гора ќе биде квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Париз 2024 година. Поранешната југословенска држава ќе настапи во Рига, Летонија каде за противници во групата „Б“ ќе ги има Бразил и Камерун.

Се вчитува...