Ракометарот Филип Талески „рипна во тавче“

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески ја искористи летната пауза за важна животна одлука – тој денеска стапи во брак со својата девојка Ена.

Таа е родена во Германија, каде се сретнаа со Талески, кој настапува за Рајн Некар Левен. Големата љубов денеска во Крушево беше крунисана со брак, а како што најавува ракометарот, свадбата ќе се случи во текот на наредната година.

Се вчитува...