Ракометниот бисер Ива Младеновска со трансфер во Брест Бретан

Една од најталентираните македонски ракометарки, 16-годишната Ива Младеновска се сели во Франција. Таа во иднина ќе го носи дресот на Брест Бретан, тим од француското првенство.

Брест е екипа која што ќе игра во 1/4 финалето во Лигата на шампионите против Есбјерг, и добра средина за Младеновска да се развива во понатамошната кариера.

Младеновска досега настапуваше за екипата на Металург, а игра на позицијата десен бек. Со Брест потпиша договор до 2027 година.

Се вчитува...