Рамил Гулијев го изненади Ван Никерк на 200 метри

Турскиот атлетичар Рамил Гулијев успеа да стигне до златниот медал во трката на 200 метри на Светското првенство во Лондон. Тој со одличен финиш го совлада Вејд Ван Никерк и стигна до првото место со време од 20,09 секунди. Холанѓанецот Ван Никерк беше второпласиран со 20,11 секунди, а само за илјадити дел од секундата беше побрз од Џерим Ричардс, на кого му припадна бронзениот медал.

Рамил Гулијев направи големо изненадување, со оглед дека целата атлетска јавност очекуваше Ван Никерк да доминира во ова финале. Тој имаше предност до 20 метри пред целта, меѓутоа Гулијев со одличен финиш сепак прв влета во целта.

Се вчитува...