Рамос го одби Перез – Не прифаќам нов договор со Реал, ПСЖ вети дека ќе играм со Меси

Серхио Рамос изминативе денови беше во центарот на вниманието на шпанската јавност бидејќи се повеќе се зборува за неговото заминување од Реал Мадрид.

Имено, Рамос има договор со Реал до крајот на оваа сезона, а со месеци се зборуваше како кралскиот клуб воопшто не ги започнал преговорите со искусниот капитен за продолжување на соработката.

Рамос е разочаран од однесувањето на Флорентино Перез, кој не покажа доволно почит кон него, и сега има право да преговара со други клубови бидејќи договорот со Реал истекува на лето.

Шпанските медиуми денес објавија дека Перез го контактирал Рамос за да остварат средба, откако деновиве имаше многу написи во медиумите, Флорентино конечно се одлучил да понуди нов договор за капитенот на „кралевтите“. Но, на негово изненадување, Шпанецот го одбил.

“Нема да ја прифатам понудата што ми ја испративте. ПСЖ ми вети дека ќе направат тим во кој ќе играм со Меси”, изјавил Рамос.

 

Се вчитува...