„Раскинав со Игуаин – Тој се пали на секс со лесни жени“

Гознало Игуаин раскинал со преубавата Мануел Фереро, а италијанскиот модел кој дефинитивно плени со својот изглед и сексапилност низ бројните светски модни списанија, во шоуто на „Тики-Така“, зборуваше за нивната љубов и кратката авантура. Фереро ја изненади јавноста, откако почна да зборува за сите фудбалери со кои била, а меѓу нив се и познатите фудбалски имиња, Гонзало Игуаин и Кристијано Роналдо.

Таа најпрвин зборуваше за Роналдо, па кажа дека немало ништо меѓу нив и дека размениле само неколку пораки, а Игуаин бил човекот со кого го делела креветот подолго време. Контроверзната убавица, не штедеше зборови и ги откри деталите од нивната љубовна врска, па истакна дека љубовната авантура завршила неславно, затоа што „Пипита“ претпочитал „секс“ со лесни жени.

“Бев со Игуаин. Не сме биле во официјална врска, но се забавуваме со месеци. Заврши затоа што тој сака лесни жени. Имаше страст кон нив. Тоа се случи додека играше во Милано”, рече Мануела.

Се вчитува...