Реал Мадрид со „метла“ за Басконија се пласираше на Ф4 во Евролигата

Кошаркарите на актуелниот шампион Реал Мадрид се првите учесници на Ф4 турнирот во Евролигата откако вечерва славеа со 3-0 во четвртфиналната плеј-оф серија против Басконија.

По двете победи во Мадрид, „кралевите“ вечерва славеа и на гостувањето кај Басконија со 98-102 и со тоа станаа првиот тим кој се чекираше на завршниот турнир на најдобрите екипи на стариот континент.

Жерсон Јабуселе со 23 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените недоволни беа 29 поени на Маркус Хауард.

Се вчитува...