Рекордна победа на Фенербахче над Ефес за водство во плеј-оф серијата

Кошаркарите на Фенербахче лесно дојдоа до 1-0 предност во серијата против доскорашниот европски првак Ефес, во првиот меч во финалниот плеј-оф во турскиот шампионат.

„Жолто-сините“ ја потврдија својата доминација и го добија натпреварот со 108-66 за победнички старт во серијата подобар од три.Ова беше рекордна победа од 42 разлика, надминувајќи го претходниот рекорд од 39 поени разлика во 2017 година.

Џонатан Мотли постигна 18 поени, додека Хајес-Дејвис забележа 15 поени.

Вториот меч исто така Фенербахче е домаќин, ќе се игра во понеделник.

Се вчитува...