Рен ремизираше со „фенерџијата“ Дижон, но останува на чело во француската Лига 1

Рен одигра само нерешено 1-1 на гостувањето кај Дижон во премиерниот натпревар од 7. коло во француската Лига 1. Во еден израмнет натпревар гостите поведоа со 0-1 во 24. минута преку Терие, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел домаќините преку Балде израмнија во 53. минута, а до крајот и двата тима имаа по неколку шанси кои не успеаја да ги искористат. Рен останува лидер во францускиот шампионат со 15 бода, односно еден повеќе од второпласираниот Лил кој има и натпревар помалку. Дижон останува последен со само два освоени бода во седум натпревари.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...