Репрезентативец на Јужна Кореја исфрлен од репрезентацијата поради експлицитна снимка

Репрезентативецот на Јужна Кореја, Хванг Уи-Џо, се најде во големи проблеми. Овој 31-годишен фудбалер на Норич, кој игра како позајмен во Нотингем Форест, е исфрлен од репрезентацијата поради скандал.

Како што јавуваат медиумите од Ј. Кореја, Хванг е пријавен во полиција од страна на неговта девојка. Тој јавно објавил интимна снимка со неа, а таа тврди дека не му дала согласност, а тој потоа јавно изнел став дека е објавена со дозвола.

Според наводите, девојката на Хванг не знаела дека нивниот однос се снима. Поради овој скандал е исфрлен од националниот дрес.

„Членовите на националниот тим мораат да се однесуваат според етичките стандарди, затоа што ја претставуваат нашата земја. Поради тоа што Хванг е под истрага, како осомничен, тој не може да го задржи својот статус на репрезентативец“, велат од федерацијата на Јужна Кореја.

Хванг играше во Бордо и Олимпијакос. За „А“ селекцијата настапи 62 пати и постигна 19 бодови.

Се вчитува...