Рисот ќе биде заштитниот знак на специјалните дресови на Македонија за ЕВРО 2020… (ФОТО)

Популарниот рис ќе биде заштитниот симбол и на новите дресови на македонската репрезентација, специјално дизајнирани за престојното Европско првенство а кои наскоро треба да бидат промовирани од страна на Фудбалската федерација на Македонија, пред ЕВРО 2020.

Токму во тој стил е и новиот брендиран автобус на ФФМ кој ќе биде на опслужување на фудбалерите за време на европското првенство.

„Сега е наше време“ е слоганот под кој ќе тече и целокупната кампања на Фудбалската федерација на Македонија оваа година за време на настапот на Европското првенство.

Се вчитува...