Португалија неславно го заврши настапот на ЕВРО 2020, откако актуелниот европски првак беше елиминиран уште во осминафиналето од овој шампионат.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, во анализа за британските медиуми жестоко го критикуваше Жоао Феликс, кој според него е тотално разочарување на овој шампионат. Младиот голгетер на Атлетико Мадрид не беше стартер, влезе во игра во вториот дел, но според Кин тој е огромно разочарување со односот на теренот.
„Феликс… во моментите кога влезе… па тој е измамник. Жоао Феликс е голема измама на светскиот фудбал. Потребен си и на твојата држава, влегуваш во игра… и тогаш не играш ништо. Треба да шутнеш кон голот, не го правиш ниту тоа. Сто милиони фунти, некој платил толку пари за него, тоа е класична измама, немојте да се шегувате. Ако јас сум Кристијано Роналдо, би тргнал да го тепам среде соблекувална“, изјави Рој Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА