Тенискиот храм Ролан Гарос целосно ја менува својата содржина за нешто повеќе од еден месец.
Ролан Гарос ќе претрпи трансформација како никогаш досега и наместо борби со рекети, ќе гледаме борби со ракавици за бокс.
Гарос ќе биде домаќин на тенисот во првата недела од Олимписките игри, а потоа таму ќе се одржуваат промени на декорот бидејќи ќе биде домаќин и на боксерскиот турнир. Почнувајќи од четвртфиналето, натпреварите ќе се одржуваат на „Филип Шатрие“. За време на Олимпијадата ќе бидат отстранети сите знаци дека е Ролан Гарос. Потоа овде ќе се одржат Параолимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА