Романија најуспешна во екипниот дел на БП во пинг-понг кое се одржува во Скопје

Изминатите два дена во СЦ Форца во Скопје во рамките на Балканското првенство во пинг понг за играчи до 18 години се одржаа натпреварите во екипна конкуренција.

Најуспешна е репрезентацијата на Романија со освоени три златни медали и еден сребрен медал, пред Турција со еден златен, два сребрени и еден бронзен медал а Србија освои еден сребрен медал. Со по еден бронзен медал се закитија репрезентациите на Босна и Херцеговина, Италија и Бугарија.

Од денеска до недела ќе се одржат натпреварите во поединечна конкуренција, и натпреварите во конкуренција на двојки.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

Јуниор – момчиња
1. Романија
2. Србија
3. Турција
Финале: Романија – Србија 3:2
* Македонија се пласира на осмото место од вкупно девет репрезентаци

Јуниори – девојчиња
1. Турција
2. Романија
3. Босна и Херцеговина
Финале: Турција – Романија 3:1
* Македонија се пласира на шестото место од вкупно осум репрезентации

Кадети – момчиња
1. Романија
2. Турција
3. Италија
Финале Романија – Турција 3:0
* Македонија се пласира на шестото место од вкупно девет репрезентации

Кадети – девојчиња
1. Романија
2. Турција
3. Бугарија
Финале Романија – Турција 3:0
* Македонија се пласира на шестото место од вкупно единаесет репрезентации

Се вчитува...