„Роналдо беше со мене пред Георгина и Ирина – Му родив дете на Балотели“

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е во врска со аргентинскиот модел Георгина Родригез од 2016 година, а добро е познато дека тој имаше уште неколку бурни врски пред неа. Роналдо се одлучи на нова љубов по врската со познатиот руски модел, Ирина Шајк, со која раскина пред пет години, а малку е познато дека пред тој период, фудбалерот на Јувентус се забавувавал со Рафаел Фико – Ѕвездата на италијанската сцена која го освоила додека играл за Манчестер Јунајтед. Токму оваа некогашна девојка на Кристијано, денес има дете од контроверзниот фудбалер, Балотели.

Рафаела гостинка во емисијата „Тики Така“, откри неколку детали од врска со КР7.

“Во врска бевме неколку месеци. Тој беше љубезен и внимателен, без разлика дали сме биле меѓу луѓето или сами. Вистински господин!”, истакна 32-годишната пејачка и модел, па додаде дека таа не била како другите девојки што го бркаат Роналдо за пари и слава. Искрено, тогаш не знаев ниту кој е, имав само дваесетина години“, изјави Рафаела.

Пејачката се запознала со Рналдо на концерт во Лисабон, а тој веднаш и пријдел и почнал да и се додворува.

“Почна да флертува. Во последните неколку месеци, сигурно добив 1.000 СМС-пораки од него. Тоа е сè што ќе кажам затоа што не барам публицитет и мислам дека мојот однос со него мора да остане приватна работа”, рече Рафаела Фико.

Набргу потоа, Кристијано и Рафаела раскинаа, а неодоливата убавица „шармираше“ и други фудбалери. Таа има дете со Марио Балотели, а италијанскиот напаѓач долго време не сакаше да го признае татковство, па тоа го стори по судскиот процес.

Италијанските медиуми продолжија да пишуваат за Рафаела, а таа стана позната затоа што често доаѓаше на забави организирани од поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони. Таа во моментов е „сингл“ и живее само со своето дете.

 

Се вчитува...